Ангеловска: Природниот одлив и пензионирањето се причините за тековните вработувања во администрацијата

 

Природниот одлив и пензионирањето се причините за тековните вработувања во администрацијата и тие не се побројни во однос на претходниот период. Напротив, рече денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.

Одговорајќи на новинарско прашање по потпишувањето на договорите со КФВ банката, зошто токму сега има многу огласи за вработувања, Ангеловска беше децидна дека одобренија се даваат само ако за тоа се исполнети условите.

– Не се работи за зголемен број вработувања во однос на претходниот период, а согласност за вработување од надлежните министерства, за финансии или за информатичко општество, се дава само ако условите се исполнети, ако е тоа согласно годишниот план и ако потребата е оправдана. Во спротивно, не се издава согласност. Се разгледува и дали корисникот има буџетски средства, како и колкав е обемот на работа, истакна министерката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега