Нова цена на горивата во Македонија
Бензинот Еуросупер БС – 95 минатата недела поевтини за половина денар, а за тој износ поскапеадизелот и екстра лесното масло за домаќинства. Денеска регулаторна Комисија за енергетика ќе донесе нова цена на горивата во Македонија.
Засега, цената на Еуросупер БС-95 изнесува 66,5 денари, а Еуросупер БС-98 и се продава по 69 денари, додека литар еуродизел (ДЕ V) чини 61,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ01) по 51,5 денари. Овие цени ќе важат до полноќ, по што ќе стапат на сила новите цени кои РКЕ ќе ги соопшти денеска на пладне.
Одлуката на РКЕ се донесува врз основа на цените на нафтените деривати на светскиот пазар и курсот на денарт во однос на доларот во изминатите седум дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа