Ѓоковиќ му се закани на навивач: „Ќе те најдам по мечот“
Новак Ѓоковиќ на загревањето пред почетокот на дуелот со Денис Кудла се најде во центарот на вниманието бидејќи влезе во вербален конфликт со еден навивач кој му довикуваше додека се загреваше.
Иако не е познато што му зборуваше навивачот за да предизвика реакција од Новак, американските медиуми сметаат дека тој го провоцираше со зборовите:
„Нели ќе се откажеше од турнирот“, алудирајќи на проблемите со рамото кои ги имаше Ѓоковиќ во првите две кола.
Oh wow.. Djokovic getting into a tiff with one of the fans in the middle of his warm-up. Not happy with something that was said. @BenRothenberg @bgtennisnation pic.twitter.com/cAXeMpj6s0
— Sridhar Natarajan (@sridinats) August 31, 2019
Одговорот на бранителот на трофејот беше жесток,
„Ќе те најдам по мечот, верувај ми“, му кажа Ѓоковиќ на навивачот кога дојде
до трибината каде се наоѓаше непозната личност.
Тенисерот не сакаше по натпреварот, на официјалната пред конференција да открие за што стануваше збор, но призна дека тој момент несвесно му помогна.
– Тоа ќе го оставам помеѓу нас. Меѓутоа, сигурно е дека ми помогна. Ниту тој самиот не знае, но ми помогна. Нема да зборувам за тоа. Верувам дека ми направи услуга иако тој тоа не го сакаше – повторни неколку пати Ѓоковиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа