Европскиот сон продолжува: Македонските ракометари во полуфинале

Младата машка ракометна селекција на Македонија успеа да се избори за полуфинале на ЕХФ шампионато кој што се одржува во Скопје.

Избраниците на селекторот Данил Брестовац во последниот дуел од групната фаза, по многу борба и крајно драматичен крај успеаа да слават над Украина со 28-27.

Македонија во групата Б заврши со ефект од три победи и едно реми, а во полуфиналето кое на програмата е в сабота силите ќе ги одмери со Фарските Острови.

Со три победи и едно реми во групната фаза ќе го дочекаме полуфиналниот двобој против Фарски Острови вo сабота.

 

 

 

26.07.2018 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега