Филипче: Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ


Поранешниот министер за здравство и иден пратеник од редовите на СДСМ, Венко Филипче им се заблагодари од се срце на сите кои му ја дадоа поддршката на изборите. На сите оние кои напорно работеа со него и го поддржуваа во кампањата.

Во кампањата ветив конкретни работи и активности кои започнувам да ги реализирам уште веднаш. Започнувам со активности и како претставник на граѓаните во Собранието, но и како член на СДСМ меѓу членовите и симпатизерите, истакна Филипче.

„СДСМ во следниот период ќе мора да помине низ длабока внатрешна реформа и реорганизација. Верувам дека набрзо одново ќе победува и врати достоинството и угледот кој како партија го заслужува. Од поразите секогаш е најважно да се извлечат поуки, само така поразот може да се претвори во победа.

Во оваа прилика сакам да им честитам на победниците на изборите и да им посакам успешна работа. СДСМ секогаш ќе биде тука како коректив на владините политики и сите општествени текови“, посочи Филипче.

10.05.2024 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега