ВМРО-ДПМНЕ за заканите на ДУИ за дестабилизација: Нема да не поколебаат, иднината на Македонија е во единството, не во поделбите

 

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Интегративците од Мала Речица се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго освен фасада за прилепување до власта по секоја цена.

Во соопштение реагираат предупредувањето од Европскиот фронт до нив „да не си играат со Албанците и да не ја омаловажуваат волјата на мнозинството Албанци, како втора по големина заедница во државата“.

-ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци „Вреди“, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека нема да ги поколебаат тактики или закани за поделби.

-Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Ја повикуваме ДУИ конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации. Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата, се вели во дописот од ВМРО-ДПМНЕ.

11.05.2024 - 11:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега