Коалиција базирана на три постулати: ВМРО-ДПМНЕ објави детали од средбата со ВРЕДИ
ВМРО-ДПМНЕ објави детали од средбата со Коалицијата ВРЕДИ која попладнево се одржа во седиштето на Коалицијата на плоштадот Скендербег.
Идната владина коалиција, доколку двата политички субјекти се договорат ќе се базира на три постулари.
-Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото. Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно, по завршување на средбата кратка изјава даде и Башким Бакиу од Коалицијата ВРЕДИ.
-Како што сте сведоци, денеска претставници на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ беа во седиштето на ВРЕДИ за да остварат средба со претставници, односно со лидерите на ВРЕДИ. Преговорите одат во позитивна насока. Од понеделник ќе се формираат работни групи. Наскоро, во текот на денот ќе бидете информирани со соопштение, рече Башкиу.
На средбата присутни беа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски. Од страна не ВРЕДИ, пак, беа присутни лидерите на четирите партии кои ја сочинуваат Коалцијата, Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа