Премиерот Груевски во Загреб пречекан од својот хрватски колега
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Загреб беше пречекан од неговиот домаќин, хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ.
Двајцата премиери во моментов имаат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарниот состанок на делегациите на Република Македонија и Република Хрватска.
Според програмата, попладнево премиерот Никола Груевски ќе има средби со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и со претседателот на Собранието на Хрватска Јосип Леко. Предмет на разговорите ќе бидат можностите за натамошно продлабочување на соработката, пред се на полето на економијата - туризмот, земјоделството, прехранбената индустрија, винарството, градежништвото, јави МИА.
За време на престојот во Загреб, Груевски ќе има средба и со претставници на Заедницата на Македонци во Република Хрватска.