Драма за 1 Мај во Скопје - Се запали барака
Пожар за Први Мај избувнал во барака на улицата „Самоилова“ број 30 во Скопје.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот бил пријавен преку бројот за итни повици 112.
- На терен веднаш интервенирале екипи на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), кои ги преземале сите потребни мерки за гаснење на пожарот, соопшти ЦУК.
Се очекуваат повеќе детали денеска.
02.05.2025 - 08:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа