Запленети 550 кутии гел и 1300 таблети за потенција на Богородица

 


На граничниот премин Богородица биле одземени марихуана, сребно, цигари но и гелови и таблети за потенција.

Ваква информација објави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски.


Чувството кога ќе видиш како трудот, посветеноста и тимската работа даваат извонредни резултати е непроценливо, напиша Николовски.
„Денеска лично им честитав на царинските службеници од граничниот премин Богородица кои здружено и тимски испорачуваат резултати за почит. Ова се царински службеници коишто успешно спроведоа едни од најзначајните заплени досега:
- 188,6 килограми наркотична дрога марихуана
- две поголеми заплени на вкупно 21,4 килограми сребро
-430 штеки цигари само за годинава
-550 кутии гел за потенција и 1300 таблети за потенција
Ова не се само бројки, ова се факти кои сведочат за високата посветеност на царинските резултати. Ова се резултати на добра координација, доверба и заедничка мисија за безбедна и правична држава.
Нека служи за пример“, рече Николовски
02.05.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега