Страшна несреќа го потресе регионот: Загина цело семејство помагајќи на маж
Пет лица, цело семејство и сосед, трагично загинаа вчера попладне во Топола, централна Србија, задушувајќи се во септичка јама на семејна фарма.
Тамошните медиуми пренесуваат дека еден маж паднал во јамата, а останатите членови на семејството и соседот се обиделе да го извлечат, но за жал, и тие настрадале.
Пожарникари и брза помош брзо пристигнале на местото на несреќата. Четири лица починале на лице место, додека една жена била пренесена во болница во критична состојба, каде подоцна им подлегнала на повредите. Меѓу жртвите се дедото, бабата, синот, внукот и соседот. Најмладиот загинат е 20-годишниот студент Филип Јокиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа