Пијана млада беровчанка со „матиз“ излетала од пат, полицијата ја приведе
Утрово околу 03:20 часот по полноќ полицијта на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на село Чифлик, Беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја лишиле од слобода В.К.(23) од Берово.
Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа