Продолжена кризната состојба за уште 30 дена
Владата ја информираше јавноста дека на владината седница донесена е одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена.
„Со ова продолжување се обезбедува навремена помош за сите засегнати подрачја, односно сите ресурси вклучително и човечки, технички, логистички остануваат мобилизирани, сè со цел да се справат со пожарите и заштита на населението од огнените стихии.
Имено, поради висок ризик од шумски пожари во државата, апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште (донесена од 01.07.2025 година и ќе трае до 31.08.2025 година), во спротивно сите оние кои не се придржуваат кон оваа одлука, која е донесена за спречување на пожари, ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра.
Продолжуваме да носиме одлуки во интерес на граѓаните и да работиме посветено и одговорно“, стои во соопштението од Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа