ДУИ се налутија за Медресата: Ќе се спротивставиме на обидот за исклучување
Најновата одлука за укинување на статусот на Медресата претставува опасен преседан што ги разнишува темелите на една рамноправна, демократска и инклузивна општествена структура. Ова го велат денеска ДУИ преку соопштение упатено до јавноста.
- Ова не е техничка одлука – ова е директен напад врз правото на верско образование и врз слободите загарантирани со Уставот и законите на државата. Овој чин испраќа порака дека овој режим, е подготвен да ги жртвува основните принципи на правичност и верска рамноправност. Наместо да штитат вредности, тие ги бришат институциите кои со години придонесувале за религиозен соживот, културен развој и толеранција. Најзагрижувачки е фактот што вазалите од ЛЕН со своето соучесништво – ја легитимираат оваа антидемократска насока и не само што прават непоправливи штети, уште и безсрамно манипулираат со јавноста, фрлаат лажни обвинувања и стануваат инструмент во демонтажата на важни општествени придобивки, велат ДУИ.
ДУИ апелира до јавноста, до религиозните заедници, до граѓанскиот сектор и до меѓународните партнери – да не останат неми пред ова опасно скршнување.
- Ова не е партиско прашање – ова е прашање на принципи, кои се однесуваат на слободата, достоинството и еднаквоста на сите граѓани. Не смееме да дозволиме враќање назад. Ќе се спротивставиме решително на секој обид за исклучување, поделби и поткопување на основните слободи на граѓаните, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа