Милошоски: Коцевски, ДУИ и СДСМ, кодирана порака од бизнис клан
Со денешното гласање во Собранието паднаа маските околу тоа кој е политичкиот покровител на Државниот јавен обвинител Коцевски и неговото раководно друштво во обвинителството.
Одговорот е јасен. Истите политичари од ДУИ и СДСМ кои во февруари 2024 година го предложија и гласаа ЗА изборот на Коцевски за јавен обвинител, денес не се осмелија да гласаат за негова недоверба. И покрај тоа што државниот обвинител има неколку крупни професионални грешки за кои заслужува разрешување, сепак фактот што токму Коцевски најдобро ги знае индициите за висока корупција направена од високи функционери од СДСМ е оној политички кредит што пратениците на Филипче и Оливер Спасовски мораат сеуште да го отплаќаат со заштита на функцијата на обвинителот, пишува Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Дури и пораката од СДСМ до Државниот обвинител дека од него зависело дали ќе бил "со штитот или на него", повеќе звучи како кодиран сигнал од еден кон друг бизнис клан, отколку како парламентарен принцип поврзан со владеењето на правото.
Сепак, добро е што ВМРО-ДПМНЕ остана доследна на своите позиции и тука не треба да се застане. Бидејќи, иако денес ги видовме политичките покровители на Државниот обвинител во Собранието, сепак корозијата на репутацијата на ЈО во најголем ја прават десетина актери внатре во самото обвинителство. Заради ваквите околности, како и заради силната порака која денес ја доби од Собранието, најдобро е ЈО Коцевски да си поднесе оставка, бидејќи спонзорството од ДУИ и СДСМ само дополнително ќе му го руши и угледот, и интегритетот на обвинителството во целина, стои во објавата на Милошоски на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа