Заев: Осомничениот пироман не ми бил шофер - возеше инспектори низ Струмица
Поранешниот Премиер Заев демантира дека приведениот за подметнување на пожар во Струмица било кога бил негов шофер или дел од неговото обезбедување. Тој во изјава за „Фокус“ вели дека лицето кое го привела полицијата во општината работел како возач за потребите на општината. Вели ги развозувал инспекторите и вршел други работи за општианта
АН е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов.
АН во тоа време, колку што се сеќавам, работеше на портирницата во општината и беше возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности. По завршувањето на мојот градоначалнички мандат го немам воопшто видено Александар Николов“, вели Заев во изјава за „Фокус“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа