Трагедија во Пробиштип: Двајца сограѓании отишле на риболов, едниот пронајден починат

 


РЦУК – Штип, ја пренесува информацијата од СВР Штип во која известуваат дека Б.С. од Пробиштип го пријавил К.П. од Пробиштип како исчезнато лице.

Во пријавата е наведено дека К.П. и Б.С. заедно биле на риболов на Злетовска Река во атарот на с. Жиганци, од каде и К.П. исчезнува и му се губи трага.


Околу 21:30 часот од СВР Штип известуваат дека лицето К.П. од Пробиштип кое било пријавено за исчезнато било пронајдено починато.

Според првичните информации лицето е починато од природна смрт.

01.05.2025 - 13:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега