Тачи: Војната меѓу Македонија и Косово не е завршена

 

Мендух Тачи во интервју за приштинскиот весник „Зери“ изјави дека војната меѓу Македонците и Албанците засега е само тајм-аут и дека не е целосно завршена.

- "Таа борба продолжува и тоа е опасно зашто продолжува во подземје каде двете страни ги зазеле своите позиции“, рекол Тачи за весникот Зери.

Тачи предупреди дека Македонија ќе биде уништена многу бргу ако не се пристапи сериозно кон тоа Албанците и Македонците бидат рамноправни во донесувањето одлуки во државните институции. Тачи смета дека Албанците сеуште се третираат само како фигури. 

Али Ахмети, го нарекува платеник, кој, работи во име на македонските интереси.

Тачи вели дека косовскиот премиер Хашим Тачи, нема потенцијал да биде чувар на Албанците во регионот.

16.09.2013 - 12:16
Фото: 
Сител

најчитано сега