Македонија и Косово сеуште не постигнаа договор

Иако косовскиот медиум „Експрес“ вчера објави дека македонската и косовската Влада постигнале договор, од Владата на Република Македонија ја демантираа оваа информација. 

- Нема договор за укинување на косовските забрани за увоз на македонски производи на Косово и македонската мерка за наплата за влез на косовски граѓани и превозни средства во Република Македонија, во суштина таков договор и не е потребен затоа што со самото укинување на забраните од косовска страна ќе престане да важи и македонската мерка за наплата на надоместот бидејќи таа наша мерка е и така формулирана во самата одлука – да престане да важи кога ќе се тргне косовската забрана, велат од Владата на Република Македонија.

Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правцa. Превозниците од „Макамтранс“  го блокираа сообраќајот во понеделник навечер  во знак на протест за косовската трговска блокада.

13.09.2013 - 08:28
Фото: 
Нова Македонија

најчитано сега