Хегсет: Враќање на границите кои Украина ги имаше до 2014 година не е можно

 

Враќањето на границите кои Украина ги имаше пред конфликтот со Русија не е реална цел, рече денеска во Брисел американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет на состанокот на министрите за одбрана на НАТО.

Мирното решавање на конфликтот во Украина е главен приоритет за сегашната американска администрација предводена од Доналд Трамп, нагласи Хегсет.

САД се залагаат за тоа „крвопролевањето во Украина да престане што побрзо“, а предуслов за тоа е, според неговите зборови, е „реалната проценка на ситуацијата на теренот“.

Вашингтон смета дека враќањето на Украина на нејзините граници од пред 2014 година не е можно, но и дека администрацијата на Трамп не го гледа членството на Киев во НАТО, нагласи американскиот министер за одбрана.

Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп има намера да го прекине конфликтот меѓу Украина и Русија и рече дека „европските земји треба да му дадат на Киев безбедносни гаранции и дека САД нема да испраќаат свои војници таму“.

„Постигнувањето траен мир е највисок приоритет. Министерството за одбрана на САД ќе помогне да се постигне таа цел“, рече Хегсет.

12.02.2025 - 18:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега