Музичката сцена во шок: Почина пејачката од „Никогаш не е доцна“
Синоќа на 48 години почина пејачката Јасна Бошњаковиќ, која се прослави со учеството во мизичката емисија „Никогаш не е доцна“.
Како што пишуваат српските медиуми, пејачката се борела со рак на крајниците, поради кој летово и се оперирала, но состојбата наеднаш ѝ се влошила.
Веста за ненадејната смрт на пејачката ги погоди нејзините колеги натпреварувачи, како и колегите кои со години работеле со Јасна.
Јасна се прослави по учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, за кое се пријавила на 43 години, а пред натпреварот работела на различни работни места.
По натпреварот Јасна продолжила да се занимава со музика, а и покрај лошата здравствена состојба не се откажала од пеењето, ниту по операцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа