Малолетничка тепана во училишен двор, нападот снимен и објавен на социјални мрежи

 

На 11.02.2025 во 11:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(42) од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 околу 11.00 часот во двор од средно училиште на подрачјето на Чаир, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од една малолетничка, која ја познавала.

Настанот бил снимен и видеото било објавено на социјални мрежи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

12.02.2025 - 18:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега