МНР чека информации за конзулот кој нападна полицаец во Перу

Во овој момент не знаеме дали и што точно се случило, но во оној момент кога ќе добиеме прецизни информации сигурно дека ќе дејствуваме, одговори министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска на новинарско прашање.

Како што објавија медиумите во Перу, конзулот Атанасовски повеќе пати досега „недипломатски се однесувал“. Пред една недела конзулот дошол во конфликт со соседите во зградата каде што живее и каде е сместено конзуларното претставништво на Република Македонија. Полицијата интервенирала за расправијата, а Атанасовски, според информацијата на тамошните медиуми, нападнал полицаец. 

05.09.2013 - 15:45
Фото: 
Денешен

најчитано сега