Јанкулоска: Членовите на семејството Бошњаноковски си заработија кривична пријава

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска изјави дека е поднесена кривична пријава за членовите на семејството Бошњаноковски и за таткото на малолетната Александра Бошњаковска, по која се трагаше.

- Во текот на вчерашниот ден ние поднесовме кривични пријави и беше издадена потерница од страна на Судот практично за сите членови на семејството на таткото на девјчето. Врз основа на таа распишана потерница од Судот, МВР во координација на повеќе сектори изврши претрес на неколку објекти и вчера во вечерните часови беше пронајдено девојчето во придружба на мајката на нејзиниот татко, значи бабата на девојчето на територијата на општина Маврово и Ростуше, при обид  да ја смени локацијата каде претходно се наоѓале, изјави Јанкулоска. 

По  добиените информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје  на Македонски Брод, по преземени мерки и активности,  околу 22.30 часот од  страна  на полициските  патроли  кај населеното место  Маврови  Анови сопрено  е такси  возило во кое биле малолетното дете и неговата баба С.Б. за  кои претходно се распишани  потерници за пронаоѓање, се наведува соопштението од МВР.

Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б., била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови, го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б. 

05.09.2013 - 15:07

најчитано сега