Арсовска-Томовска дел од Големото жири за наградата за најкреативна е-содржина
Заменик министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, од денеска до 31-ви овој месец, ќе учествува на состанокот на Големото жири за Светската награда за најдобра и најкреативна е-содржина, кој се одржува во Талин, Естонија.
На покана на Светскиот самит за информатичко општество (WSIS), организиран од Обединетите нации и Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), Арсовска-Томовска, по втор пак ќе ја претставува Република Македoнија како член на Големото жири.
Жирито вбројува меѓународни членови со значајно искуство на полето на креативните индустрии, телекомуникацијата, како и претставници од доменот на научно – истражувачката дејност.
Наградата на Светскиот самит (WSA - mobile content) ги селектира и промовира најдобрите мобилни содржини и иновативни апликации на светско ниво. Изборот се базира на експертиза и механизми на меѓусебна соработка помеѓу членовите на жирито, стои во соопштението од Министерство за информатичко општество и администрација.