Богојевски: СДСМ води погубна политика во образованието без стратегија

На денешната трибина на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ свое обраќање кон јавноста имаше магистерот на правни науки, Александар Богојевски, член на истоимената комисија. Богојевски направи споредба на работата на владата на СДСМ  со Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-По однос на овие 3 месеци власт на СДСМ, можам да забележам, како лице кое работи во делот на високото образование повеќе од 8 години, дека се носат политики кои се погубни по однос на образованието во Република Македонија, бидејќи стожерот на една држава е образованието коешто ја движи економијата и целиот циклус во целото општество, истакна Богојевски.

 

Тој рече дека тие се тука да зборуваат со факти и бројки и се осврна на кратењата на финансиските средства во Буџетот  за ставката образование, спроведени од владата на СДСМ.

-Повеќе од 25 милиони денари се кратат по однос на изградба на нови објекти и нови училишта, повеќе од 35 милиони се кратат за изградба на средни училишта. Исто така  се кратат финансиски средства за реконструкција на училиштата и за спортски објекти, посочи Богојевски.

Тој потенцираше дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно градела спортски објекти и спортски капацитети во државата, дека реконструираа повеќе од 400 училишта, а Владата на СДСМ го крати буџетот за реконструција и изградба на нови или постојни  згради. Тој потенцираше дека СДСМ работи без стратегија и продолжува да работи како и пред 2006, со шминкање на постојните згради и без акцент на образованието со погубни политики кои водат до намалување на работни места и квалитетот на образованието.

 

 

 

 

12.10.2017 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега