Арсовски: Институциите под капата на Заев молчат додека неговите партиски пајташи на терен ги рекетираат фирмите и сеат страв

Социјалдемократскиот сојуз на голема врата го врати рекетот во Република Македонија. Златко Марин, кандидатот за градоначалник од општина Аеродром од редовите на Социјалдемократскиот сојуз врши рекет врз фирмите во општината. Доказ за тоа се скандалозните документи објавени во медумите на кои лично е потпишан корумпираниот слуга на Заев, Златко Марин. Во документот се наведени имиња на рекетираните фирми кои се принудени да дадат илјадници евра за Златко Марин и за спроведување на неговата валкана кампања во општина Аеродром, истакна Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-Медиумите објавија како Социјалдемократскиот сојуз и Златко Марин земале рекет во кеш, и во материјали, но и како отворена сметка во неколку кафеани, а за возврат имаат ветување дека по изборите истите ќе бидат поштедени од државните инспекторати и законите нема да важат за нив. Фирмите наведени во документот кој лично е потпишан од Златко Марин, не се наведени во листата на донатори на партијата, што значи дека истите не се пријавени во извештајот на партијата до Државниот завод за ревизија и се дел од црниот фонд на Социјалдемократскиот сојуз. Уште поскандалозно е тоа што овој документ бил адресиран до ОО на Социјалдемократскиот сојуз во Аеродром, а запознаена е и централата на Социјалдемократскиот сојуз, што укажува на фактот дека всушност целото партиско раковотство на Социјалдемократскиот сојуз е запознаено и вмешано во овој процес на рекетирање на фирмите во општина Аеродром.

ВМРО-ДПМНЕ, додаде Арсовски, го повикува надлежното Јавно обвинителство да отпочне постапка за утврдување на фактите во случајот, и да утврди индивидуалната кривична одоговорност за сите прекршители на законите.

-За овој и за уште многу други скандали во кои власта на Социјалдемократскиот сојуз секојдневно тоне, молчи Заев, а молчат и неговите партиски војници низ надлежните институции. Замислете, два дена откако овој скандал излезе во јавноста, а надлежните институции сеуште молчат, нема трага ни глас од нив. Институциите под капата на Зоран Заев молчат, додека неговите партиски пајташи на терен ги рекетираат фирмите и сеат страв помеѓу стопанствениците. Затоа на 15-ти октомври, граѓаните ќе го СДС и нивните рекетари од типот на Златко Марин.

 

 

 

10.10.2017 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега