ВМРО-ДПМНЕ: Инспекцијата на ГАК ги потврди нашите наводи за низа неправилности во работењето на клиниката

Санитарниот инспекторат по извршената инспекција на Клиниката за гинекологија во Скопје денес одржа прес конференција во која беа посочени низа неправилности во работењето. На директорката Ирина Сотирова Бухова очигледно според снимките во медиумите најважно и беше како и стои фризурата која неколкупати ја корегираше во текот на кратката и празна изјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие наоди на инспекторатот укажуваат дека реакциите на ВМРО-ДПМНЕ, одржаните редица прес конференции пред самата клиника и привлекувањето на вниманието на јавноста како аларм и притисок на надлежните било оправдано и корисно доколку се превземат мерки и остранат недостатоците.Санитарниот инспекторат потврди дека ВМРО-ДПМНЕ не се трудело да привлече партиски поени со неточни вести, со манипулации или со лажни вести, туку одговорно како опозиција ја одиграла улогата на коректив на власта, се вели во соопштението на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму одблиску да го следи спроведувањето на потребните интервенции од власта.

-Прв лош сигнал е што по смртта на 30-тина новороденчиња нема реална одговорност за никого освен само дисциплинска одговорност за едно лице што е недозволиво и е прикривање на катастрофалното работење на раководството на клиниката кое предизвика смрт на 30-тина новороденчиња, се наведува во соопштението.

 
 

 

 

10.10.2017 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега