ВМРО-ДПМНЕ: Тотално збунувачки и неоправдано е Зоран Заев да прифати насели 150.000 мигранти

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДС и Зоран Заев треба на граѓаните јавно да им соопштат каде планираат да ги вдомат и вработат 150.000 мигранти за кои прифатиле обврска да ги населат во Република Македонија.

-Неспособното и лицемерно раководство на СДС, на чело со Зоран Заев и Мила Царовска наместо да се кријат зад бледи соопштенија и да ги блокираат  референдумите за изјаснување за трајното населување на мигрантите кои ги  иницираа граѓаните, треба храбро да излезат и да соопштат зошто преку државниот инспекторат за локална самоуправа кој е владина институција го забранија оваа демократско право на граѓаните. Доколку СДС мислат дека трајно населување на мигранти е исправна владина одлука и стратегија, зошто не дозволија на граѓаните преку референдум, кој ќе биде организиран заедно со локалните избори, на еден трошок, да кажат што мислат за ваквото погубно решение на владата, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Од најбројната партија во Собранието обвинуваат дека СДС на крајно тоталитаристички начин им го запре загарантираното право на изјаснување на граѓаните во Република Македонија, преку забраната на едно од најдемократски права и уставно загарантирани начела за изјаснување, а тоа е референдумот.

-СДС и Зоран Заев и Мила Царовска не смеат да се затскриваат зад одлуката на инспекторат за локална самоуправа со која се забранија референдумите околу  населување на мигрантите. Трајното населување на преку 150.000 мигранти ќе има далекусежни последици врз и онака кревката македонската економија, но првенствено ќе се одрази на стапката на невработеност во Република Македонија која иако е намалена сепак е се уште висока. Вдомувањето на мигрантите, ќе направи дополнителен притисок врз висината на платите, па така платите наместо да растат со внесувањето дополнителна работна сила  од надвор, ќе почнат да се намалуваат, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Република Македонија ќе се створи вишок на работна сила за некои дејности во индустријата, каде миграните поради сложената економска состојба во која се наоѓаат, ќе прифаќаат да работат под реалната цена на трудот во земјата, а со тоа работодавачите ќе ги намалат платите за вработените, затоа што во секој момент ќе има некој кој е подготвен да работи за помалку пари.

-Тотално е збунувачки и неоправдано е Зоран Заев прифати да насели 150.000 мигранти, во моменти кога минималната плата е 200 евра, стапката на невработеност е 22.9%,а до друга страна една од најразвиените европски и светки држави, како што е Шведска со просечна плата од 3.200 евра и стапка на невработеност од само 6,5% да прифати само 40.000 мигранти, како дел од европската стратегија за прифаќање на мигранти, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека на ваквото распродавање на национални интереси и поткопувањена темелите на државата од страна на неодговорната влада на СДС, граѓаните ќе стават крај. СДС  убедливо ќе биде поразен на претстојните локални избори.

 

 

 

 

 

08.10.2017 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега