Димитриевка: Статистичките податоци за економијата за август се загрижувачки

Гордана Димитриевска на денешната трибина „Отворено со Комисијата за финансии и монетарни прашања на ВМРО-ДПМНЕ“ исткана дека статистичките податоци за економијата за август се загрижувачки.

Таа потенцира дека индустриското производство за месец август е опаднато за 5,3 проценти во однос на тој месец минатата година.

-Рударството, односно вадењето камен има пад од 6,1 процент. Капиталните производи пад од 12, 4 проценти. Трајните производи за широка потрошувачка пад од 8,7 проценти. Преработувачка индустрија која што, да кажеме, е една од поважните има пад од 8 проценти, каде што производството на прехранбени производи бележи пад од 8,5 проценти, посочи Димитриевска.

Појасни дека во август позитивна активност има само во производството на пијалаци.

-Поради сезоната можете да забележите пад во еден оддел, но не можете да имате пад во сите оддели. Тоа веќе укажува на една недоверба кај стопанствениците во делот на производството. Не се сигурно, не произведуваат. Најверојатното и потрошувачката е опадната од таа причина, нагласи Димитриевска.

 

 

 

06.10.2017 - 18:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега