Димовски: Црното економско триo Заев, Тевдовски, Анѓушев ја доведува Македонија пред економска бездна

СДС континуирано ги задолжува македонските граѓани и економијата. Неспособната влада на СДС ја носи Македонија пред банкрот. СДС на чело со Зоран Заев од ден на ден се повеќе ја урнисува стабилноста на државата. Црното економско триo Заев, Тевдовски, Анѓушев ја доведува Република Македонија пред економска бездна. На задолжувањата за жал им нема крај. Владата на СДС зборуваше против задолжувањето, а само за 4 месеци ја задолжи Македонија и македонските граѓани за скоро половина милијарда евра, истакна Гоце Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Министерот за задолжување Тевдовски со последното задолжување ја задолжи Република Македонија додатно за 72,3 милиони евра. Со ова ново задолжување Македонија е задолжена вкупно за 498,58 милиони евра што е алармантно. СДС во последните 4 месеци се задолжи со државни записи, државни обврзници со и без девизна клаузула во износ од 216,73 милиони евра, додека со задолжувања со кредити и задолжувања по други основи за  вкупно за 104,85 милиони. Додатно расипничката и неспособна влада на СДС испумпа дополнителни 177 милиони евра од државните резерви, рече Димовски и додаде:

 

„Како што е видливо од графичкиот приказ, задолжувањата со хартии од вредност има загрижувачка тенденција на постојано зголемување.  Од 18 јули оваа година од кога се дојдени на власт СДС непрестанато ја задолжува земјата, првично за 10, 6 милиони евра притоа за неполн месец на 8 август оваа година да ја задолжи земјата за додатни 30,4 милиони евра. Понатаму расипничката и должничка влада само во септември два пати ја задолжи државата со хартии од вредност и тоа на 5 септември за 27,14 милиони евра и на 19 Септември за 76, 33 милиони евра како што е видливо од графичкиот приказ“.

Последните вести, додаде, од финансиската кујна на СДС се нови 72,26 милиони евра задолжувања во хартии од вредност на 3 октомври како што е видливо и на табеларниот и на графичкиот приказ.

-Криминалната влада  на СДС нема дадено отчет ниту како се трошат ниту за што се наменети овие пари. Уште посимптоматично е тоа што овие долгови се прават откако беа распишани локалните изборите што отвара огромен сомнеж дека средствата кои се повлекуваат, а кои ќе бидат враќани од парите на сите граѓани, може да служат за изборна корупција. Не се отвораат фабрики, не се градат патишта ниту се отвораат градинки или било какви проекти кои се од корист на граѓаните на Република Македонија.       За Жал, инвеститорите си одат,  дел од веќепостоечките капацитети се пред затворање и стечај. Целокупната состојба во земјата е критична. СДС и Зоран Заев мора да се сопрат во уништувањето на македонската економија. Граѓаните на Република Македонија ќе ја казнат ваквата деструктивна политика и недомаќинско работење на СДС и Зоран Заев на 15-ти октомври на локалните избори.

 

 

 

 

05.10.2017 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега