Гелова-Стојанова: Наместо за изградба на инфраструктура, Заев пред избори префрла пари на НВО

Наместо парите на граѓаните да се наменуваат за изградба на инфраструктура, здравствени и образовни објекти, Владата пред избори ги префрла на невладини организации отворајќи сомнеж за купување на гласови. Затоа Министерството за финансии со денови молчи и не објаснува каде завршија милион евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соња Гелова-Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека со еден милион евра може да се изгради едно ново современо училиште во кое младите ќе ги имаат најсоодветните услови за стекнување на своето образование.

-Владата предводена од Заев не изгради училиште, ниту пак започна да гради, но им даде еден милион евра на невладините организации во рок од еден месец. Јавноста сè уште нема добиено одговор за што ќе бидат наменети еден милион евра во пресрет на локалните избори? Дали парите се префрлени на организации кои во минатото вршеа поткуп на гласачи? Дали повторно македонските граѓани се соочуваат со изборен инженеринг и со газење на нивниот глас? СДС на чело со Заев ветуваше транспарентност во работата на владата. Невладините организации спроведуваа тригодишна црна кампања против владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во која, меѓу другото, ја обвинуваа и за наводната нетранспарентност. Откако СДС влезе во владината зграда која беше уништувана токму од невладините организации, Заев заборави на транспарентноста, а невладините организации молчат по исплатените милионски суми, посочи Гелова-Стојанова.

Нагласи дека не е познат ниту начинот за распределба на средствата, дали одлуката за префрлување на парите ја вршат токму активистите на невладините организации кои сега работат во Владата на Република Македонија.

 

 

 

05.10.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега