ВМРО-ДПМНЕ: Зад раскинување на договорот со МЕПСО стои намерата на Анѓушев да си заштеди 233.000 евра

Денес се случи огромно лицемерие кое говори за криминогеноста и расипаноста на члениците на владата на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Имено беше соопштено дека една од многуте компании на вицепремиерот Анѓушев поради наводна коректност се повлекува од бизнис зделката со АД Мепсо и испорака на струја. Она што всушност се крие за ваквата одлука не е политичката коректност, туку напротив желбата на Анѓушев да заштеди 233 илјади евра сопствени пари. Имено во ноември неговата компанија ЕДС се обврзала да го снабдува МЕПСО со струја чија вредност тогаш изнесувала 39.65 евра за мегават час. Сега таа изнесува речиси двојно повеќе односно 60.14 евра за мегават час, поради што Анѓушев несакајќи да намали од профитот, и заштеда на проектираната загуба од 233 илјади евра која ќе ја направи поради скокот на цената на струјата бара спогодбено да го раскине договорот со МЕПСО, информираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека зад раскинување на договорот со МЕПСО стои намерата на тендерашот Анѓушев да си заштеди 233 илјади евра свои пари.

-Дополнително скандалозно е што денес ЕЛЕМ раководено од тандемот балкански мешетари Обрадовиќ Башановиќ објави тендер за набавка на скапа струја вредна 2 милиони евра. Тоа значи дека има недостиг на струја, а тој неодстик ќе го платат граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

05.10.2017 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега