Колариќ: Заев ќе не внесува во Европската Унија, но само со бројката на примени мигранти

Заев ќе не внесува во Европската Унија, но само со бројката на примени мигранти. Македонија ќе биде на првото место на листата по број на примени мигранти, а на последно место во растот на економијата, просечната плата, извозот, индустријата, безбедноста и вработеноста на населението, Светлана Колариќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев како вистински диктатор ги замолкна граѓаните кои единствено бараа поединечно да се вклучат во носењето на одлуките за прашања кои се витални за нивниот опстанок, економскиот просперитет и безбедност. Зоран Заев ветил дека во градот Штип ќе насели 6.000 мигранти кои ќе добијат сигурно работно место и сопствен дом. Во меѓувреме во Штип има 2.300 граѓани кои чекаат работа. Оттука се гледа колкава е грижата на Заев за своите граѓани од кои го бара гласот на избори.

Во однос на мигрантите, додаде Колариќ, кои Заев и Социјалдемократскиот сојуз сакаат да ги примат во Македонија, неспорно е дека Македонија со својата моментална ситуација не може да си дозволи 150 илјади мигранти.

-За илустрација, Швајцарија, земја со минимална плата од 2.800 евра и како најстабилна економска сила во светот, издала азил на само 7.000 мигранти, а одбила 24.000 барања за азил и покрај наложувањето од Женевската конвенција да дадат азил на секој кој ќе им побара помош. Истовремено, Заев ветил дека во Македонија ќе се населат 150 илјади мигранти во моменти кога минималната плата е 200 евра, стапката на невработеност е 22.9%, бележиме пад на извозот и енормно намалување на странските инвестиции, рече Колариќ и додаде:

 

„На ВМРО-ДПМНЕ приоритет и се младите луѓе кои ќе ги задржиме во Македонија со обезбедување работа, пристоен дом и квалитетни услови за живот. Досега се покажа дека невработеноста се намалува преку директни домашни и странски инвестиции. Тоа е грижа за сопствените граѓани. Социјалдемократскиот сојуз наместо да се грижи за своите граѓани исполнува и прифаќа нереални и невозможни барања со цел да остане на власт. Математиката не лаже. Несериозноста на Заев во мигрантските политики е очигледно опасна по економскиот опстанок на Македонија, кој е темел за нашиот просперитет како држава“.

 

 

 

05.10.2017 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега