Груевски на средба со претседателот на американскиот Национален демократски институт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и членовите на Извршниот комитет на партијата Александар Николоски и Никола Попоски денеска се сретнаа со претседателот на американскиот Национален демократски институт (НДИ) Кен Волак.

На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка состојба, за изборниот процес и за стратешките приоритети на државата.

 

Груевски истакнал дека партијата е отворена за соработка во сите сфери и заеднички полиња кои се од интерес на Република Македонија и афирмирање на нејзините стратешки интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ била изразена загриженост од сериозните нарушувања на изборниот процес, како што се физички пресметки, повреди на кандидати за градоначалници, монтирани кривични пријави, демолирање на партиски штабови, заплашувања и постојани притисоци. – На ваквиот начин се покажува нервоза и страв од изборен пораз, институциите треба да се посветат кон расчистување на инцидентите и власта да обезбеди минимум услови за нормално одвивање на изборниот процес, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата било посочено дека стратешки приоритети претставуваат членството во НАТО алијансата и напредок во европските интеграции.

 

 

 

04.10.2017 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега