ВМРО-ДПМНЕ Штип: И по 100 дена од ветувањето на Бочварски се уште стојат одроните на патот Кочани-Делчево

Одроните на патот Кочани – Делчево беа тема на денешната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.

– Не беше толку одамна кога пратеникот Благој Бочварски стоеше на ова место и ветуваше дека доколку победи на предвремените парламентарни избори 2016, во првите 100 дена, лично ќе се заложи за расчистување на големиот одрон на магистралниот пат Кочани – Делчево. Од тогаш поминаа 10 месеци. Поминаа и 100 дена од Владата на СДС, а одронот се уште е на ова место. За само 100 дена, граѓаните на Источна Македонија сфатија дека она што СДС им го ветуваше пред изборите, е спротивно од она што СДС го прави после изборите. Денес, извршната власт е во рацете на СДС, но состојбата со овој патен правец е во уште полоша состојба. Стана очигледно – СДС ветува само за добивање на гласови, а не за подобрување на животот на граѓаните во Источна Македонија, кажа Игор Ефтимов, портпарол на ВМРО ДПМНЕ – Штип.

 

 

 

21.09.2017 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега