Стаменковска: Кумот на Рашковски е директор и член на Управен одбор во исто време

Невенка Стаменковска на денешната трибина „Отворено со правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна дека генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, го назначил својот кумашин, Ѓорѓи Георгиевски за директор на Бирото за јавни набавки.

-И тоа најверојатно беше малку, па покрај директор на Бирото за јавни набавки, како што напоменав, со несоодветно стручно образование, потребно во делот на јавните набавки, истиот овој човек, кум на Рашковски стана и член на Управен одбор на Агенцијата за странски инвестии, промоција на извозот на Република Македонија. Сосема спротивно од сите можни закони во Република Македонија. Член на Управен одбор и директор во исто време, се две државни функции кои се неспоиви во вршењето на истите, истакна Стаменковска, додавајќи дека сигурно постои уште некој случај во кој Рашковски има инволвирано член на неговата фамилија.

Посочи дека тоа сигурно е пандан на работењето на неговиот претпоставен, односно премирот Зоран Заев.

 

 

 

20.09.2017 - 20:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега