Божиновски: Во работењето на СДСМ во овие 100 дена се покажа класичен непотизам

Апсолутно дека има непотизам во работењето на СДСМ во овие изминати 100 дена, впрочем граѓаните на Република Македонија се сведоци како во овие 100 дена спротивно на законот и сите правни процедури Владата на СДСМ поставува партиски послушници, самопрогласени револуционери, а разрешува и отпушта од работа докажани професионалци во тие институции, ова на денешната отворена дебата со Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ го истакна Игор Божиновски.

-СДСМ треба да знае дека целокупното незаконско работење се следи од ВМРО-ДПМНЕ и истото тоа ќе биде соодветно санкционирано. Драги Рашковски генералниот секретар на Владата е класичен поим на непотизам. Рашковски преку Владата на СДСМ им дели државни функции на членовите на своето потесно семејство претворајќи ја државата во приватна фирма на семејството Рашковски. Меѓу првите случаи на непотизам на оваа Влада беше назначувањето на претседателот на второстепената комисија за жалби, таму беше назначена Елена Начевска, мајка на неговата сопруга Вероника Начевска. Рашковски со самото доаѓање во огледало покажа дека е лик во Зоран Заев и тој го овласти својот кум Дејан Костиќ и неговата адвокатска компанија во име на Владата да разрешува и именува управни одбори и да прави кадровски решенија, свикување на седници и најблаго кажано да сее став во сите институции, вели Божиновски.

Тој потенцираше дека Рашковски го плаќа својот кум од парите на граѓаните.

 

 

 

20.09.2017 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега