Хорор во Германија: Фудбалер унаказен на натпревар останал без свест
Капитенот на Штутгарт, Кристијан Гентнер, вчера претрпе неколку сериозни повреди на лицето откако беше удрен за време на дуелот од Бундеслигата на кој неговиот славеше против Волфзбург.
Денеска, германските медиуми пренесуваат дека лекарите се оптимисти и дека по оперативните зафати, Гентнер целосно ќе се рехабилитира и нема да има сериозни последици откако заработил дури три фрактури на коски на лицето и носот.
Гентнер настрада од коленото на противничкиот голман, по што падна на тревата во бесознание, а имал среќа поради навремената интервенција на клупскиот доктор кој му го извадил проголтаниот јазик и навреме спречил поголеми последици по фудбалерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа