Пратеникот Зоран Илиоски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за во Битола
Актуелниот пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола, соопшти партијата.
Илиоски како пратеник е претседател на Комисијата за избор и именување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Водовод“ во Битола, а по професија електротехнички инженер.
По три изборни циклуси, за прв пат ВМРО-ДПМНЕ да кандидира друг битолчанец после актуелниот, Владимир Талески.
За Илиоски, Талески е еден од најуспешните градоначалници во Македонија и случајот „Транспортер“ во кој СЈО го сомничи Талески, бил наменет од страна на СДСМ само за да го дискредитира.
Главен против-кандидат на Зоран Илиоски во Битола ќе биде професорката по математика Наташа Петровска од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа