Одложен натпреварот Вардар – Шкупи во рамки на Купот на Македонија

 

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука првиот натпревар од осминафиналето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкупи да биде одложен, поради настапот на Вардар во групната фаза од Лига Европа и натпреварот со Зенит.

Дуелот требаше да се одигра на 13 септември (среда), но поради фактот што „вардарци“ само ден подоцна го играат својот прв натпревар во Лига Европа против рускиот тим Зенит, дуелот со Шкупи нема да се одржи во предвидениот термин. Датумот за одигрување на овој натпревар не е договорен.

Другите седум натпревари од 1/8 финалето на Купот на Македонија ќе се играат во среда со почеток од 15:30 часот.

 

 

 

07.09.2017 - 18:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега