Македонија вечерва против Албанија - ,„црвено-жолтите“ ќе се борат за победа
Македонската фудбалска репрезентација е домаќин на Албанија вечер во Струмица во 8.коло од квалификациите за Светското првенство 2018.
„Црвено-жолтите“ овој дуел го очекуваат во победничката атмосфера и посакуваат нова победа по триумфот во саботата на гостувањето во Израел.
Селекторот на Македонија Игор Ангеловски очекува добро издание на неговите избраници и нови бодови.
– Се надевам дека со помош на поддршката од публиката ќе направиме позитивен резултат и на крајот сите заедно да се радуваме. Од натпревар во натпревар играме се подобро, па нека биде така и не мечот со Албанија, рече Ангеловски.
Натпреварот ќе се игра на стадионот „Младост“ вечер со почеток во 20:45 часот.
Со евентуална победа Македонија ќе може да се вмеша во борбата за освојување на 3.место на табелата во Г-групата.
На другите два натпревара од оваа група играат: Лихтенштајн – Шпанија и Италија – Израел.
Табела: Шпанија 19 бодови, Италија 16, Албанија 12, Израел 9, Македонија 6, Лихтенштајн 0.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа