Луксуз од кој ќе заборавите на реалноста: Ибрахимовиќ се поднови со „играчка“ вредна 8 милиони евра
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Златан Ибрахимовиќ неодамна се поднови со нова скапа играчка која го воодушеви светот.
Фудбалерот своето слободно време и рехабилитација од повредата на коленото ја користи за буквално да ужива и да троши пари, пишуваат светските медиуми.
Тие велат дека тој деновиве бил во Италија каде се продаваат најскапите и најлуксузни јахти во светот и се подновил со јахта вредна 8 милиони евра.
Јахтата е долга 29 метри, а во неа има голема кујна, коктел бар, спална соба, и гаража за автомобил.
04.09.2017 - 13:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа