Вардар против Шкупи, Работнички со Шкендија во осминафиналето на националниот куп
Бранителот на трофејот во фудбалскиот Куп на Македонија, Пелистер за противник во осминафиналето го доби Борец, шампионот Вардар ќе игра со Шкупи, а лидерот во првенството Шкендија ќе се сретне со Работнички.
Двојки за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија:
Брегалница – Победа,
Работнички – Шкендија,
Кожуф – Тетекс,
Скопје – Еуромилк ГЛ,
Пелистер – Борец
Силекс – Академија Пандев,
Вардар – Шкупи и
Ренова – Струга.
Првите натпревари ќе се играат на 13 септември во 15:30 часот, а реваншите се на 18 октомври со почеток во 14:30 часот.
01.09.2017 - 15:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа