Страшен подвиг кој предизвика бура во Германија: Хумелс изведе ризичен скок од балкон и ризикуваше тешка повреда
Матс Хумелс се мачи да ја пронајде формата од Борусија Дортмунд како член на Баерн Минхен, но иако неговите изданија во првиот тим на тимот на Карло Анчелоти полека почнуваат да одат во правилна насока, искусниот стопер предизвика лавина од реакции во Германија со еден свој потег во приватниот живот.
Хумелс се обиде да се „докаже“ надвор од фудбалскиот терен и ни демонстрираше дека знае да изведе еден застрашувачки скок од својот балкон во базенот, но бидејќи станува збор за навистина ризична ситуација, реакциите во Германија беа крајно негативни и опоменувачки.
Стоперот на Баерн навистина ризикуваше да претрпи некоја сериозна повреда доколку тргнеше нешто по лошо, а истовремено остави лош пример за младите кои го следат на социјалните мрежи.
Критики за потегот на Хумелс пристигнаа и од страна на генералниот менаџер на Германците, Оливер Бирхов, кој порача дека Матс не прикажал нешто добро со својата објава.
– Не сакаме да глумиме полицајци на социјалните мрежи, но фудбалерите треба да знаат дека нашата селекција треба да биде пример и да остава добар впечаток, – порачал Бирхов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа