Македонска трансфер бомба: Најдобриот стрелец во Лига Европа доаѓа во ФК Вардар
Рускиот напаѓач од литванскиот Тракаи, Максим Максимов ќе биде новото засилување во нападот на македонскиот шампион Вардар во дебитантската сезона во Лига Европа, јавува Спорт1.
Станува збор за 22-годишен напаѓач, роден во Воронеж, висок 190 сантиметри, кој одлично се снаоѓа во шеснаесетникот. Моментно на пазарот вреди 200 илјади евра. Инаку, Максимов е поранешен член на Факел, од каде што заминал во Атлантас, а оттаму во Тракаи. Токму поради доаѓањето на Максимов, управата на Вардар реши да го пушти Црногорецот Дамир Којашевиќ во полска Јагелонија, со цел да се отвори место за нов странски фудбалер.
Русинот сезонава во квалификациите за Лига Европа постигна седум голови во шесте мечеви за својот Тракаи, а настапот им заврши со елиминацијата од Шкендија, по поразот во Струмица со 0-3. Инаку Максимов беше стрелец на два гола против тетовци на првиот дуел во Вилнус, на кој Шкендија загуби првпат дотогаш со 1-2. Во литванското првенство досега дал осум гола на 13 меча.
Максимов сезонава му даде два гола на шкотски Сент Џонстон во првото коло, потоа три на Норкопинг во второто и уште два на Шкендија во третото коло во кое Тракаи го заврши настапот летово во квалификациите во второто по ранг натпреварување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа