Барселона: Во наредните неколку денови пристигнуваат Кутињо и Дембеле

 

Фудбалерот на Борисија Дортмунд, Осман Дембеле и Филип Кутињо од Ливерпул се близу до потпис за Барселона, изјави генералниот менаџер на шпанскиот клуб, Пеп Сегура.

-Мораме да и помогнеме на екипата во зајакнувањето, а Дембеле и Кутињо ќе дојдат во наредните неколку дена. Разговараме со нив за условите, а многу се блиску до доаѓање. Се надевмае дека ќе бидат фудбалери на Барса од оваа сезона, изјави Сегура за една шпанска телевизија.

Ова е прв пат некој од челниците на Барселона јавно да изрази интерес за Дембеле и Кутињо, чии клубови не сакаат да ги пуштат да одат во Шпанија.

Борусија Дортмун и Ливерпул во претходните денови соопштија дека ги одбиле понудите од Барселона за своите играчи. Летниот трансфер период завршува на 31 август.

Дембеле се скара со својот клуб кој го суспендираше зашто не се појави на тренинг, по што, наводно, во Барселона преговарал за трансфер.

Кутињо преку имејл барал од Ливерпул да го стават на трансфер листа, а Ливерпул ја одби понудата од Барселона од 100 милиони евра. Бразилецот се опоравува од повредата на грбот и не играше во последните два натпревари за англискиот клуб.

 

 

 

17.08.2017 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега