Според Мурињо првиот гол бил од офсајд
Манчестер Јунајтед не успеа да стигне до својот втор пехар во Супер купот, а нивниот менаџер Жозе Мурињо и натаму останува без победа во ова натпреварување откако претходно има по еден пораз со Порто и со Челзи.
За текот на натпреварот Мурињо истакна:
- Голот е од офсајд, можеби резултатот на крајот ќе беше поинаков ако беше 0:0 на полувреме. Средината на Реал Мадрид е одлична, начинот на кој ја движат топката прави да му биде тешко на противникот. Потоа во вториот дел имавме и противигра, а имавме и шанси на 2:1 да постигнеме и втор гол, но Рашфорд не реализираше. Можеби со Реал Мадрид пак ќе играме во групата од Лигата на шампионите. Во секој случај искуството е одлично за тимот, сега не очекува стартот на Премиер лигата, изјави Мурињо.
Тој на прес конференцијата го образложи потегот медалот да го предаде на едно момче од трибините.
- Се случува и кога ќе победам да не ги чувам медалите, а замислете кога губам. За тоа дете медалот е како месечината, беше во дрес на Манчестер Јунајтед и не знам од каде доаѓа.
Во првото коло од Премиер лигата Манчестер Јунајтед на домашен терен игра против екипата на Вест Хем во недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа