ВИДЕО: Судиите не крадат, мора да играме крвнички - што зборуваше Червар на тајм-аут вчера

 

Хрватскиот тренер Лино Червар на високо ниво ја дигна мотивацијата во македонскиот тим на мечот против Тунис. Нашиот селектор во големата победа делеше совети, а најинтересните беа на „тајм-аутите“, каде нашиот селектор им порача на ракометарите да играат против судиите, да „тепаат“ во одбраната и да бидат вистински „крвници“ кога беше најпотребно.

Тие ја исполнија целта, се вратија од „минус четири“ и го добија Тунис со 34-30, а „визата“ за наредната фаза би можеле да ја имаат во наредното коло, ако ја совладаат Ангола.

 
 
13.01.2017 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега