Жестока кавга во редовите на СДСМ по изборниот пораз

Потврдата на изборниот пораз на Зоран Заев предизвика силни прекукувања во опозициските редови. Откако по вчерашното прегласување во Теарце беше верификувана изборната волја на граѓаните и победата на ВМРО-ДПМНЕ, стана јасно дека СДСМ и понатаму останува во опозиција и новата влада ќе ја формира победничката коалиција предвoдена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Ситуацијата за СДСМ и за нивниот лидер Зоран Заев од ден во ден станува се по комплицирана. Откако ги изгубија изборите, кои неколку пати ги одложија, па не ги признаваа, па се прегласуваше, се креираше пост изборен инженеринг и откако ништо од тоа не даде резултат јавноста очекува лидерот и поразената партија да презеде политичка одговорност.

Одговорност очекуваат и сопартијците. Оправдано разочарани од нивниот лидер, членовите на СДСМ бараат одговорност и обвинуваат дека се она што го прави СДСМ е „нападна шминка на грдо лице“.

Некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и некогаш близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски на социјалните мрежи напиша:

-Со бомби, пола свет во поддршка со кеш и цела ЦИА позади да изгубиш избори, а притоа да објаснуваш дека си победил е потценување на граѓанството. Ќе заборавев и Левица е крива, сите ви се криви.

komentari9

-За да скопјани бидат масовни, ти треба градска организација, не селска, напиша Палевски.

komentari8

komentari7

komentari6

komentari5

komentari4

komentari3

komentari2

komentari1

За потсетување, Зоран Заев јавно пред македонската јавност изјави дека ако ги изгуби изборите ќе си поднесе оставка.

 
 
26.12.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега